Нов проблем за Словенија, на ЕП ќе мора и без првиот голман Ферлин

114
фото: Rokometna zveza SLO (X)

Проблемите во словенечката ракометна репрезентација пред почетокот на Европското првенство, се чини не престануваат. Според информациите, селекторот на Словенците, Урош Зорман остана без уште еден важен играч.

Словенците на претстојното Европско првенство ќе патуваат и без Клемен Ферлин. Болката во горниот дел од ногата го спречи првиот голман на Словенија да тренира нормално во последните денови. Ферлин ќе мора да оди на подетални лекарски прегледи за да се утврди периодот на рехабилитација.

Повредата на Ферлин е само еден од проблемите на Словенија пред почетокот на Европското првенство. Алекс Влах, Блаж Благотиншек, Миха Зарабец, Нејц Цехте, Митја Јанц, Јака Малуш, Матиќ Грошељ и Тадеј Кљун ќе отсуствуваат поради повреди или преоптоварување.

ПретходноКои се седумтемина што му свртеа грб на Алонсо?
СледноИ официјално: Вуко Борозан и Вардар се разделија