Ц. Звезда го испрати Гаштаров во Борац Чачак на позајмица!

187
ФОТО: Borac 1926FK/Instagram

Матеј Гаштаров (19) во пролетниот дел ќе игра, како позајмен играч на Ц. Звезда, во Борац Чачак, клуб од втората по ранг лига во Србија. Гигантот од Белград ова го направи со цел македонскиот младински репрезентативец и еден од најталентираните младинци на “црвено – белите“ да има што поголема минутажа.

Инаку познато е дека Гаштаров е “дете“ на Вардар, а пред неполни две години се пресели во Белград каде играше за младинските екипи на Ц. Звезда, играше и во младинската Лига на Шампионите за “црвено – белите“.

Играчот за врска досега има 8 настапи за нашата У-21 селекција, претходно беше стандарден и во У-19 и У-18 селекциите на Македонија.

ПретходноЛазаров, Стоилов и Миркуловски се минато, сегашност и иднина на македонскиот ракомет
СледноШкендија вади 150.000 евра за стоперот на Силекс!