Готово е. Арсими заврши со циркусот во Хрватска, откако денеска во третиот пријателски или контролен меч беше исто така убедливо поразен со 1:4 и тоа од Приморје, тим од елитната лига во Словенија.
Интересно е сите три меча завршија со убедливи победи на противниците и тоа со многу голови (со Вуковар беше 0:4, со Славен Белупо 1:5).
Навистина колку беше потребно ова гостување во Медулин на тимот од Чегране, член на нашата ПМФЛ? Тоа само тие си знаат.
Тимот на Вилдан Салиу не ни одработи барем еден – два тренинга, веднаш почна со контроли, односно со настап на турнирот и тоа против солидни екипи од Хрватска и Словенија кои ја имаа одработено првата фаза од своите подготовки.
Несфатливо, сепак барем заврши циркусот.















