Вардар „засилен“ со Мануел Куестас во Анталија

600

Сепак ново лице во авионот за Анталија замина со есенскиот првак. Вардар е „посилен“ за аргентинскиот стопер Мануел Куестас (21), кој есенва имаше „одлични“ (10 минути), во дресот на Брера, каде што настапуваше како отстапен играч. Младиот дефанзивец од Аргентина по „третпат“ се враќа во Вардар и се надева дека токму сега ќе дојдат неговите „5 минути“ за да му ги потврди квалитетите на тренерот Гоце Седлоски. Сепак за да има право за настап, Куестас треба да се надева дека некој од странците во Вардар оваа зима ќе замине од клубот кој веќе го има максималниот број на интернационалци.

Тој дојде како големо засилување во Вардар и како фудбалер за кој клубот во иднина треба да смета на „голем“ трансфер.

Фудбалерите на Вардар од денеска се во Сиде (Анталија), каде до 4 февруари ќе се подготвуваат за вториот дел од сезоната. Клубот во Турција треба да се комплетира со сите играчи со оглед на тоа дека во Скопје недостасуваа неколкумина на чело со Мато.

Првиот тест екипата го игра на 17 јануари со екипата на Јаблонец од Чешка.

ПретходноШкендија вади 150.000 евра за стоперот на Силекс!
СледноРаботнички се раздели и со Кадриу! (ВИДЕО)