Вардар одлета за Турција, следуваат тринеделни подготовки и шест контроли (ФОТО)

226
фото: ФК Вардар АД Скопје (FB)

Фудбалерите на есенскиот шампион Вардар утрово заминаа за Турција каде во Сиде ќе спроведат тринеделни подготовки пред почетокот на пролетниот дел од сезоната.

„Црвено-црните“ одработија дел од подготовките во Скопје, па сега се на пат во потопли краишта каде ќе имаат добри услови за работа, а веќе ги закажаа и првите контролни натпревари.

Според планот, првите тестови се веќе закажани. За четири дена Вардар ќе тестира со чешки Јаблонец, а потоа доаѓаат и дуелите со Мотор Љубин од Полска, Махачкала (Русија, Ахмат Грозни (Русија) и Алашкерт (Ерменија). Дополнително е утврден и противникот за 20 јануари, тоа е екипата на Андијон од Узбекистан.

ПретходноПовредата е минато: Крстевски напролет ќе биде опција плус во нападот на Шкендија!
СледноМРК Куманово тргна со новиот тренер и им се заблагодари на тројца ракометари