Пред стартот на Европското првенство секогаш интересни се деталите. Македонската ракометна репрезентација ќе учествува на осмото по ред, вкупно деветто континентално натпреварување. Ќе игра во Хернинг, а за противници ви групната фаза ќе ги има селекциите на Данска, Португалија и Романија.
Еден статистички дел поврзан со нашата репрезентација ни задржа внимание. Се однесува на категориите најмногу настапи на Европски првенства и најмногу голови.
На Топ 5 листата се Кирил Лазаров, Стојанче Стоилов и Филип Миркуловски. Ова трио кое долго време го носеше националниот дрес и натаму е дел од репрезентацијата, но со поинакви улоги.
Лазаров е селектор, Стоилов е во стручниот штаб, додека пак Миркуловски е спортски директор.
Наш најдобар стрелец на сите времиња на Европските првенства е Лазаров кој има 182 гола, истите ги постигна во периодот од 2012 до 2020. Додека пак играч со најмногу настапи во дресот на Македонија на ЕП е Стоилов, има одиграно 29 натпревари во периодот од 2012 до 2022 година.











