Молдавци ќе ни судат со Данска, Тодоровски и Митревски ќе ја делат правдата во Малме!

159

Во пресрет на стартот на ЕП, на кое секако дека ќе учествува и нашата ракометна селекција, ЕХФ ги објави и судиите за мечевите од 1.коло во групната фаза.

Па така на нашиот прв меч, кој се игра во петок (16 јануари) во Херниг, во кој ќе ги одмерите силите со домаќинот Данска, ќе ни судат Молдавци. Станува збор за браќата Игор и Алексеј Ковалчиус.

Да потсетиме дека овој натпревар, во рамките на 1.коло во групата Б, е закажан за 20:30 часот во петок.

Во сабота (17 јануари), во Малме, во дербито во групата Е се среќаваат Шведска и Холандија. Честа да ја делат правдата ја добија македонските судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.

ПретходноХартс официјално објави: Мато доаѓа во јуни како слободен играч!
СледноЧаби Алонсо се прости од Реал:“ Не испадна како што сакавме…“