Сакаме спорт ама не можеме да собереме десет затоплени сали на ниво на цела Македонија!!!

222
Фото: КФСМ

Марија Ковачева

Македонскиот спорт општо на цело ниво не само што има проблем околу начинот на финансирање, туку ја нема и основата – сали кои ги исполнуваат сите услови за одвивање на тренанжен процес и секако одигрување на натпревари.

Сакаме спорт – не можеме да собереме десет затоплени сали на ниво на цела Македонија!!!

Од овие причини е одложено и продолжението на кошаркарската Супер-лига за 24. јануари ама под услов да не биде камен ладно како во изминатите денови .

Ако минатата година се обидовме да се бориме со овој проблем, оваа година тоа изгледа поинаку. Ретко кој може да си дозволи сала која ќе ги исполни условите кои се нормални во секоја држава, но не и во Македонија.

Замислете во 21 век се уште е проблем греењето или ладењето.

Градиме сали, но овие проблеми кои се клучни ги оставаме да се решат подоцна, а тоа подоцна понекогаш трае и со години. Старите кои ги исполнуваат условите за национален спорт се прескапи за дел од клубовите кои се натпреваруваат во највисок ранг или пак во дел греењето не ни работи или не се вклучува.

СпортСпорт дознава дека салата „Јасмин“ за кошаркарскиот тим во моментов е неупотреблива? Греење нема, па токму затоа дел од тренинзите се одвиваат во Гервгелија.

По затварањето на СРЦ „Кале“ која е небезбедна за играње, Работнички конечно се пресели во својот дом во „Градски Парк“, кој пак сега најидеален за одигрување на натпревари, додека пак ТФТ се уште бара „чаре“, ќе мора да најде нов дом.

Веруваме дека овој проблем го имаат и другите спортови кои се одвиваат во сала, која не е школска, па се грее благодарение на децата.

Во една ваква ситуација, на сцена треба да настапи државата. Треба да се направи целосна ревизија и анализа на капацитетите со кои располагаат градовите. Да се гради да, но тоа да биде паметна инвестиција, а не само бројка на остварени проекти.

Ако сакаме спортот да оди напред и национално ниво, ќе мора повеќе да се засукаат ракавите за да не бркаме сали во летно и во зимно време кои повеќе ќе и одговааат на Македонија.

ПретходноЦрвено-жолтите под светлата на Европа: Фото-сесија во Хернинг (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Следно„Бомба“ во најава: Јирген Клоп подготвен за сензационално враќање!