Сити со супер предност против Њукасл во купот

29

Екипата на Манчестер Сити создаде огромна предност во првиот меч од полуфиналето на ЕФЛ Купот на Англија од 0:2, на гостински терен против тимот на Њукасл.

Во екстра интензивен дуел со многу трка, дуели, и шанси, тимот на Сити успеа да погоди најпрво Семењо во 53. минута, за да потоа истиот играч погоди и по втор пат но тој гол беше поништен поради офсајд позиција на Халанд.

Сепак, домаќинот овој момент не успеа да го искористи, напротив, Рајан Черки во последните секунди од мечот, погоди за конечни 0:2, со што донесе супер предност пред реваншот во Манчестер. Меч кој се игра на 4 фебруари.

 

ПретходноТорино jа елиминираше Рома во купот на Италија