10% од жителите на Фарски Острови заминуваат на Европско во Осло!

71

6.500 жители од Фарските Острови купиле билети за натпреварите на Европското првенство во ракомет. Навивачите на Фарските Острови ќе долетаат во Осло во наредните денови, а некои од нив заминуваат со бродови.

Пред две години, Берлин беше преполн со фарски навивачи кога Фарските Острови го имаа своето деби на Европското првенство, а сега во уште поголем број одат за Норвешка на уште една завршница на Европското првенство.

Според норвешката новинска агенција околу 10% од жителите на оваа земја ќе заминат да ги гледаат мечевите на својата селекција во Норвешка. Националната авиокомпанија „Атлантик ервејс“ организирала 18 летови до Осло, а на овој начин 3.000 жители на Фарска ќе дојдат на ракометниот фестивал во Норвешка.

Останатите 3.500 заминуваа со фериботот МС Норена кој ќе ги транспортира до Осло.

ПретходноБројките нe лажат: Чаби има подобар скор на клупата на Реал и од Зидан!
СледноКои се седумтемина што му свртеа грб на Алонсо?