6.500 жители од Фарските Острови купиле билети за натпреварите на Европското првенство во ракомет. Навивачите на Фарските Острови ќе долетаат во Осло во наредните денови, а некои од нив заминуваат со бродови.
Пред две години, Берлин беше преполн со фарски навивачи кога Фарските Острови го имаа своето деби на Европското првенство, а сега во уште поголем број одат за Норвешка на уште една завршница на Европското првенство.
Според норвешката новинска агенција околу 10% од жителите на оваа земја ќе заминат да ги гледаат мечевите на својата селекција во Норвешка. Националната авиокомпанија „Атлантик ервејс“ организирала 18 летови до Осло, а на овој начин 3.000 жители на Фарска ќе дојдат на ракометниот фестивал во Норвешка.
Останатите 3.500 заминуваа со фериботот МС Норена кој ќе ги транспортира до Осло.










