Салата „Јасмин“ во Кавадарци, сепак е една од десетте кои во овие ладни јануарски денови се загрева и има услови, и за тренинг и за натпревари. Тиквеш Голден Игл бил принудно да одработи два тренинзи во Негорски Бањи, откако два тајфуни кои се користат греење на салата во тој момент морало да бидат позајмени во друга сала.
Од клубот информираат дека тие биле против одложување на кошаркарската Супер-лига, која ќе стартува дури на 24. јануари бидејќи повеќето екипи не ги исполнуваат условите кои се наложени според прописите, температурата во овие ладни денови е под нормалата.
Кавадарчани имаат и обезбедено доволно нафта за главното греење на салата.
Инаку, Тиквеш Голден Игл продолжението на шампионатот го чека од 10-то место на табелата, има 14 бода, еден повеќе од Гостивар, два од Ангели.










