Костески: Се надевам дека ќе ја израдуваме цела Македонија!

77

Македонската ракометна репрезентација со победа ги затвори пријателските натпревари пред стартот на ЕП. Нашите ракометари славеа против Митјиланд со 36-27.

Ненад Костески после мечот потенцира дека се максимално подготвени за шампионатот.

„По последниот контролен натпревар пред ова европско првенство, мислам дека се успеавме да опфатиме, да се подготвиме добро за сите натпревари што ни претстојат во групната фаза во Хернинг. Не беше лесно бидејќи се насобраа поголем број на пријателски натпревари, но можеме да сме задоволни бидејќи бевме во ритам, одигравме добро и на овој последен меч, направивме добра разлика и верувам дека сме максимално подготвени за почетокот на европското првенство”.

Македонскиот репрезентативец е свесен дека ги чека тежок предизвик,но посакува токму Македонија да биде најпријатното изненадување во првата фаза.

„Станува збор за сериозна група, да не трошиме зборови, сите знаеме за колку квалитетни репрезентации станува збор, тука е Данска, потоа Португалија која на претходното првенство заврши на четвртото место, како и Романија која никако не смее да се потцени. Мислам дека ќе ги дочекаме сите тие натпревари подготвени, ќе одиграме најдобро што знаеме, ќе го дадеме најдоброто од нас и се надевам на позитивни резултати. Се надевам дека ќе ја израдуваме цела Македонија, зошто да не и да обезбедиме пласман во следната фаза“, истканува десното крило на македонската репрезентација.

ПретходноМарио Илиевски со два гола ја стартуваше годината
СледноШтутгарт со пресврт до домашна победа