Најдобриот светски тенисер низ историјата, Србинот Новак Ѓоковиќ се врати во Мелбурн и се појави на теренот на задоволство на сите присутни. Утрово тој го одржа својот прв тренинг на арената „Род Лејвер“. Неколку илјади фанови ентузијастички се собраа на трибините за да го видат и поздрават.
Тој тренираше со чешкиот тенисер Јиржи Лехечка, а кога влезе на теренот го видовме неговиот стандарден ритуал. Го допре бетонот, а потоа ја стави раката на срцето.
Новак досега не одиграл официјален натпревар од почетокот на годината, бидејќи го откажа учеството на првиот турнир во сезоната во Бризбејн. Сега ќе го очекуваме во првото коло, по што се очекува да се види во каква форма доаѓа на првиот Грен Слем.
На Отвореното првенство на Австралија оваа сезона, тој ја брка својата 100-та победа, што го прави Отвореното првенство на САД единствениот Гренд слем каде што нема трицифрен број победи.
🚨 Breaking : Novak Djokovic has arrived at the Australian Open!!
King of Rod Laver Arena is back 🐐pic.twitter.com/WwjXAswVkN
— SK (@Djoko_UTD) January 13, 2026










