Работнички се раздели и со Кадриу! (ВИДЕО)

103

Искусниот офанзивец Флоријан Кадриу не е веќе член на Работнички. Како што информираа преку социјалните мрежи од клубот од Градски парк, по една година престој во Градски парк, Кадриу и Работнички одлучиле по вторпат да се разделат, така беше и во 2018 година.

Инаку со заминувањето на Кадриу се зголемува бројот на играчи кои беа дел од Работнички во есенскиот дел кои оваа зима си заминаа од Градски парк. Најавите беа дека набргу ќе има и засилувања, но тоа тешко оди ако се знае дека едноставно пари нема, затоа и стартот на подготвките беше одложен.

Што ли ќе се случува со Работнички во следниот период навистина не е јасно, јасно е дека само чудо го спасува од испаѓање во понизок ранг и тоа за првпат откако влезе во ПМФЛ во сезоната 1998/99.

ПретходноВардар „засилен“ со Мануел Куестас во Анталија
СледноОфицијално: Кансело до крајот на сезоната во дресот на Барса! (ВИДЕО)