Тимот на Торино направи подвиг во купот на Италија вечерва откако на гостински терен ја совлада Рома со 2:3, и на тој начин мина во следната фаза.
Адамс донесе водство за гостите во 35. минута, за да во 46. Хермосо изедначи на 1:1.
Адамс набрзо во 52. минута повторно носи гостинско водство, за да Арена во 81. изедначува на 2:2.
Сепак, Торино одлучи да ги реши дилемите во регуларниот дел и преку Илкан погодува за конечни 2:3.
Ова дуел беше дел од 1/8 финалето, а Торино во 1/4 финалето ќе се сретне со Интер.










