Јакимовски и Тренто со „фото-финиш“ победа против Паниониос

86
фото: Dolomiti Energia Trento (X)

Македонскиот кошаркарски интернационалец и репрезентативец, Андреј Јакимовски со седум поени и еден скок учевствуваше во трилер победата на неговиот тим Тренто во рамките од 14. коло од Еврокупот на домашен терен против тимот на Паниониос.

Конечниот резултат гласи 88:87, а беше изборен буквално во последните секунди од мечот.
Истиот беше исклучително интересен и неизвесен се до последниот момент, но сепак, со среќен крај за тимот на Тренто и нашиот Јакимовски.

Тренто со оваа победа е на петтата позиција со осум победи и шест порази.

 

ПретходноПонуда од С. Арабија:“На Меси му понудив 1,4 милијарди евра, ме одби, сега му нудам бланко чек!“
СледноКК Тиквеш има топла сала, дури барале да нема одложување на првенството!