Крстовски го “тресеше“ Трабзон, ама неговиот Истанбулспор убедливо поразен

150
ФОТО: İstanbulspor/FB

Во меч од 2.коло во групата А во Купот на Турција, меѓу Истанбулспор и Трабзонспор, добра партија на Македонецот Марио Крстовски, но неговиот тим беше убедливо поразен.

Крстовски во 29.минута му донесе сензационално водство од 1:0 на Истанбулспор, но се чини дека со тој гол само ги налути гостите кои до крајот постигнаа пет голови и убедливо славеа со 1:6. Треба да се каже дека речиси второ полувреме Крстовски и неговите соиграчи играа со фудбалер помалку по исклучивањето на Ау, па и тоа помогна за вака висока победа на Трабзон.

Инаку Крстовски веќе една година е во Истанбулспор, важи за еден од најдобрите фудбалери на овој тим.

ПретходноШампионот утре стартува против Брера на ФФМ
СледноТотенхем го официјализираше трансферот на Галагер!