Најтрофејниот најавил дека оди во пензија?!

251
Фото: Драгана Стјепановиќ

Вест кој и не е изненадување ако се знае низ се што мина во последниот период. Имено од Србија доаѓа веста дека Жељко Обрадовиќ најавил дека оди во пензија, дека нема намера веќе никаде да биде тренер откако си замина од неговиот најсакан клуб Партизан.

Дел од медиумите во Србија пренесуваат дека најтрофејниот тренер во Евролигата, со девет освоени пехари, на своето семејство и на своите најбиски пријатели им напоменал дека толку беше. Според нив последната забава од пред неколку дена која Жељко ја правеше со своите најблиски била токму тоа.

Се разбира дека на официјализирање на вакво нешто ќе треба да се почека, посебно ако се знае дека Обрадовиќ имаше понуди од Грција, но и од други земји,од познати клубови да биде нивни тренер.

ПретходноДанската машина за голови за Македонија: Знаат да го направат мечот – тежок!
СледноШампионот утре стартува против Брера на ФФМ