Пресврт: Вардар ја прифаќа милионската понуда на Канзас Сити

1383

Нов момент во сагата околу Касим Роџерс Мато и неговиот статус во тимот на Вардар. Откако вчера шкотскиот премиерлигаш Хартс објави дека репрезенаттивецот на Уганда е негов член од лето, кога на Мато и официјално му завершуваше ектуелниот договор, сега од ФК Вардар објавуваат дека ја прифаќаат официјалната понуда која што е пристигната во клубот, а е од членот на МЛС американската лига, Канзас Сити.

„ФК Вардар АД реши да ја прифати милонската понуда од екипата на Спортинг Канзас Сити од Канзас САД. Клуб што се натпреварува во најсилната MLS фудбалска лига во САД“ – стои во официјалното соопштение на клубот.

 

Останува сега Канзас и Мато да ги договорат условите под кој тој ќе настапува таму. За очекување е плата од околу 40.000 долари месечно, плус бонуси.
Овој трансфер воедно ќе помогне и на Струмичка Брера која според договорот полага право на 20% од продажбата.

 

https://fcvardar.com/vesti_Vardar_Mato_Sporting_KS.html

ПретходноВардар го „врза“ Бобан Поповски
СледноМЗТ прв на терен, Атанасов пред Војводина: Очекувам голема борба од почетокот до крајот!