Арсенал го совлада Челзи и со минимална предност патува на „Емирати“

58
фото: Carabao Cup (X)

Фудбалерите на Арсенал ја совладаа екипата на Челзи со 2:3 во вечерашниот полуфинален дуел од Карабао купот. Со оваа победа „топџиите“ имаат минимална предност пред реваншот кој ќе се одигра на „Емирати“ на 3-ти февруари.

Арсенал ја искористи својата специјалност и поведе по еден прекин во 7-мата минута кога Бен Вајт ја затресе мрежата на домаќините. Во 49-тата минута Ѓоќерес ја зголеми предноста на Арсенал, а само 8 минути подоцна Гарначо ја затресе мрежата и го врати Челзи во игра. Зубименди стави точка на победата на Арсенал во 71-та минута, а Гарначо во 83-тата го постигна својот втор гол и го постави конечниот резултат.

ПретходноИнтер со „минималец“ останува на врвот во Серија А
СледноСензација во Купот на Кралот, Реал елиминиран од второлигашот Албасете