МЗТ прв на терен, Атанасов пред Војводина: Очекувам голема борба од почетокот до крајот!

62

МЗТ Скопје е првиот тим кој ќе ја отвори 2026 година. Актуелниот македонски првак на домашен терен игра меч од АБА2-лига, го пречекува составот на Војводина во рамките на шестото коло.

Двата тима имаат ист скор, три победи и два порази, пред натпреварот се на седмата, односно осмата позиција на табелата.

„Годината ја почнуваме против екипа која е меѓу најдобрите во АБА2. Средбата е исклучително важна за двата тима, поради што очекувам голема борба од почетокот до крајот на мечот. Очекувам да имаме голема поддршка од трибините, што секако ќе ни донесе дополнителна предност во однос на противникот. Добро трениравме изминатиов период и ако одиграме како што знаеме тогаш верувам дека ќе се радуваме на крајот“, изјави Васко Атанасов. 
ПретходноПресврт: Вардар ја прифаќа милионската понуда на Канзас Сити
СледноАтанасијевиќ: Веруваме еден во друг, против Португалија можеме да покажеме што знаеме!