Милев си замина од Струмица и очекува потпис со еден унгарски клуб

75
Фото: https://vfmkd.org.mk/

Македонскиот одбојкарски репрезентативец Владо Милев по 13 години заминува од својот матичен клуб Струмица. Искусниот 38-годишен примач кој ја вршеше и улогата на претседател на македонскиот шампион, заминува од клубот и кариерата повторно ќе ја продолжи во странство.

Според информациите на „СпортСпорт“, Милев во вториот дел од сезоната ќе се пресели во првенството на Унгарија, од каде има две понуди на маса. Тој веќе има искуство во унгарскиот шампионат каде од 2017 до 2019 година го носеше дресот на екипата на Кажинбарчика.

Со заминувањето во странство, Милев ќе добие можност и за подигнување на сопствената форма пред новиот настап на нашата одбојкарска репрезентација на Европското првенство во септември.

ПретходноСамо тројца играчи не се збогувале со Алонсо
СледноМиркуловски: Оваа генерација расте од турнир во турнир, одиме да го дадеме максимумот