Почнаа шпекулациите: Чаби Алонсо ќе седне на една од овие три клупи…

424
ФОТО: Real Madrid FC/FB

Откако Реал Мадрид одлучи да му врачи отказ на Чаби Алонсо, веќе започнаа шпекулациите за тоа каде овој талентиран и почитуван стручњак низ цела Европа, би можел да ја продолжи својата кариера.
Угледниот шпански „АС“ се занимаваше со клубовите што Алонсо би можел да ги преземе во догледна иднина и издвои три – Ливерпул, Баерн и Манчестер Сити.
Ливерпул и Баерн многу го сакаа и додека беше во Леверкузен, остави голем белег како играч во тие тимови, но реши да го почека Реал и очигледно погреши.
Арне Слот е под голем притисок во Ливерпул, „црвените“ играат лоша сезона, откако доминантно ја освоија Премиер лигата минатата година, а ако се погледне ситуацијата во моментов, Енфилд е некако најреалната опција за Алонсо, можеби од летото?

Баерн е познат по тоа што го зема најдоброто од Германија, Алонсо се обиде да украде од Леверкузен кога беше на врвот на својата моќ, но не успеа и се одлучи за Винсент Компани, кој моментално се снаоѓа феноменално во Минхен. Баерн, заедно со Арсенал, играат најдобар фудбал во Европа, па доаѓањето на Баскиецот во Баварија во блиска иднина не е реално. Сепак, Чаби и Баерн сигурно ќе соработуваат некогаш во иднина.
И конечно Сити…
Сè ќе зависи од одлуката на Пеп Гвардиола дали ќе ја продолжи својата мисија во Манчестер или не.
Ако Пеп каже на крајот од сезоната дека е доволно, тогаш Алонсо сигурно би бил првиот фаворит да го наследи и да започне нова ера на Етихад.

ПретходноФитон Адеми си замина од Шкендија
СледноМЗТ Скопје А. со пораз од Војводина во првиот годинешен меч во АБА 2 лигата (ФОТО)