Емил Рајковиќ со екипата на Тофаш ќе игра во главната фаза на натпреварите во ФИБА Лигата на шампионите. Во „мајсторката“ на домашен терен против француски Шоле, неговиот тим славеше со 84:82 и успеа со 2:1 во победи да се пласира меѓу екипите кои ќе играат во групната фаза од натпреварувањето.
Тофаш одигра одлично прво полувреме во кое направи предност која подоцна во вториот дел умешно ја одржуваше се до завршницата, во која Шоле се доближи и донесе напнатост во редовите на домашните. Сепак, Тофаш најде начин да ја задржи предноста и да ја прослави победата.
За Рајковиќ и Тофаш ова е уште еден одличен резултат оваа сезона.










