Младиот напаѓач на Шкендија и младински репрезентативец на Македонија, Фитон Адеми, се раздели со тетовци.
Тој својата кариера ќе ја продолжи во Албанија или Косово, од каде веќе има добиено неколку понуди. Ова доаѓа по жестоката конкуренција во нападот на тимот на Јетон Беќири, па самиот Адеми е во потрага по поголема минутажа.
Се очекува наскоро Шкендија и да го официјализира заминувањето на Адеми.















