Актуелниот шампион на Македонија, тимот на Шкендија, утре (13 часот) ќе ја започне серијата на подготвителни мечеви зимава. И тоа во Скопје не комплексот Петар Милошевски, каде што ќе спарингува со екипата на Брера.
Имаше повеќе опции каде да се одигра овој меч, како Струмица, или пак Турново, за да на крајот двата тима се одлучат да дојдат во Скопје.
Шкендија остатокот од пријателските мечеви ќе ги одигра во Анталија на базичните подготовки.















