Канзас: Мато е договорен со Хартс и ние му посакуваме се најдобро! (ФОТО)

346

Дали е сега се јасно? Се чини да! Мато Роџерс во јуни оди во Хартс и точка. Никаков Канзас, никаква продажба во САД и во МЛС. Тоа го нема. Ова значи дека Вардар останува без ниту едно евро од трансферот на Мато, онака како што беше објавено вчера.

Инаку денеска попладнево дилемите се разрешија, прво по реакцијата на Хартс, а потоа и по објавата на Канзас.

Спортинг Канзас Сити вели дека повеќе не се обидуваат да го потпишат Роџерс Мато бидејќи тој се приклучува на Хартс:

Спортинг Канзас Сити ја разгледуваше можноста за трансфер за Роџерс Мато, но тој одлучи да потпише преддоговор со Хартс и му посакуваме се најдобро во иднина“.

После ова и повеќе од очигледно е дека на Вардар му пропаднаа сите најави и дека од Мато за трансферот во Шкотска нема да земе ни евро.

Тоа е тоа.

ПретходноХартс му врати на Вардар: Мато е завршена приказна!
СледноПелистер ги стартуваше подготовките без новиот тренер Алушовски!(ФОТО)