Керик и Јунајтед ќе “мируваат“ во јануарскиот преоден рок, ама на лето…

134
ФОТО: Manchester United/FB

И дефинитивно започна ерата на Мајкл Керик како менаџер на Манчестер Јунајтед. Дали ќе биде долготрајно решение или само за одреден период, останува да се види.

Инаку ако може да им се верува на британските медиуми, клубот од „Олд Трафорд“ нема да биде активен во зимскиот преоден рок.
Се пренесува дека Јунајтед има четири големи цели за во средниот ред, и дека ќе започне напад врз нив, но во текот на летото.
Секако, невозможно е да ги доведат сите четворица, но се наведува дека клубот ќе даде сè што е во негова моќ за да купи барем двајца.
Јунајтед е многу заинтересиран за Елиот Андерсон од Нотингем Форест, Адам Вортон од Кристал Палас, и дуото на Брајтон, Карлос Балеба и Алекс Скот.
Уште во летото, Балеба беше голема желба на сега веќе поранешниот менаџер Рубен Аморим, а клубот очигледно ќе се обиде да го купи дури и по заминувањето на Португалецот.
На Касемиро и Угарте очигледно повеќе нема да се смета, двајцата имаат понуди од Турција и Саудиска Арабија, речиси сигурно ќе заминат на крајот од сезоната, па ќе гледаме на целосно обновен среден ред на Манчестер Јунајтед од август.

ПретходноПелистер ги стартуваше подготовките без новиот тренер Алушовски!(ФОТО)
СледноМане подобар од Салах: Сенегал е прв финалист на Купот на африкански нации