По голема битка во финишот, кошаркарите на македонскиот првак МЗТ Скопје А. не успеаја да слават на домашен терен против екипата на Војводина во првиот меч од АБА 2 лигата во новата година. Вечерва во „Јане Сандански“, момците на Васко Атанасов имаа лошо прво полувреме, кое не успеаја да го надоместат со добрата игра во вториот дел и на крајот беа поразени со 73:78.
Војводина до победата се чини дојде по одличниот прв дел од мечот во кој ја искористија очајната втора четвртина за МЗТ Скопје во која направија разлика од 18 поени и на крајот умешно ја сочуваа предноста до самиот крај.
Стаки беше нерешлива загатка за нашиот првак. Гостинскиот кошаркар мечот го заврши со 21 поен. Кај МЗТ Скопје А. најефикасен беше Гил со 17 поени, додека петков заврши со 16 поени.
Ова беше втор последователен пораз за нашиот првак во АБА 2 лигата.










