Миркуловски: Оваа генерација расте од турнир во турнир, одиме да го дадеме максимумот

157

Македонската ракометна репрезентација ја делат само два дена од дебито на претстојното европско првенство кое што се одржува во Данска. Ние конкретно и стартуваме против домаќинот кој што е фаворит на овој турнир, а за нас секако дека тоа ќе биде и тоа како добар момент да покажеме што можеме на најголемата светска ракометна сцена.

Нашиот спортски директор Филип Миркуловски има само пофални зборови за оваа генерација која што низ годините настапи на неколку турнири и низ нив константно расте и се развива.

„Последната проверка пред европското првенство мислам дека беше успешна. Мислам дека овој дуел ќе биде вистинска проверка за претстојниот прв дуел против Данска. Кој што ќе му користи пред се на селекторот за да ги увиди и последните детали од играта. Сепак, ние сме во група со Данска, Португалија и Романија. Тешка група, во која ние сме присутни за да ги изненадиме сие силни противници. За Данска не треба да се трошат зборови, и лаиците знаат за каква селекција се работи. Фаворити се на целиот турнир, а ние ќе се насочиме да го дадеме својот максимум“ – вели Миркуловски и додава.

„Секогаш е чест да се биде дел од репрезентацијата, било како играч било како дел од стручниот штаб. Сега сум во малку поинаква улога, и веројатно е потешко да ги гледаш мечевите од страна одколку да ги играш. Правам се за да им помогнам на момците кои што се исклучително талентирани имаат доста искуство, иако се доста млади. Неколку турнири по ред на кои настапуваат, растат како генерација може само да расте“ – вели Миркуловски.

 

ПретходноМилев си замина од Струмица и очекува потпис со еден унгарски клуб
СледноВардар го „врза“ Бобан Поповски