Ова го има само во Србија: ФК Партизан повторно ќе го моли Вучиќ за помош!

147
ФОТО: FK Partizan/X

На што ли спадна некогашниот гигант, некогашниот учесник во финалето во Купот на Шампионите. ФК Партизан веќе неколку години не е тој Партизан што сите го знаат. Овој клуб е во таква ситуација да мора да ги моли властите во Србија да го спасуваат, поточно претседателот Александар Вучиќ, ова посебно се однесува во периодот од како во клубот се врати Предраг Мијатовиќ, но сега како претседател.
Клубот неодамна позајми 1,5 милиони евра од КК Партизан, надевајќи се дека ќе ги стабилизира своите финансии барем привремено.
Според достапните информации, на Партизан сè уште му требаат најмалку 2,2 милиони евра за да ги реши проблемите поврзани со добивање лиценца за работа во Европа.
Оваа информација ја потврдува Предраг Мијатовиќ, кој не крие дека ситуацијата е тешка:
„Денес е мојот најтежок ден. Нема втор избор, има само еден излез – да, повторно да го молиме на претседателот на државата“, рече Мијатовиќ за Спортски журнал.

ПретходноСинот на Златан и официјално во Ајакс
СледноЕкстра засилување: Кожув го потпиша Давид Ивановски!