Како што е вообичаено кај нас со години наназад, така е и оваа зима. Имено денеска, 15 јануари стартуваше зимскиот преоден рок во мак – фудбалот, кој ќе трае до 11 февруари. Иако и досега некои клубови, пред се Шкендија, Струга ТЛ, ги официјализираше своите засилувања, сепак од денеска тоа е и официјално ако може така да се каже. Инаку нема некои најави за некои поголеми трансфери, сепак така е во нашиот фудбал во последните години.
Сепак не треба да се изннеадиме ако има и некоја трансфер – “бомба“ за наши услови.
Во секој случај ќе биде интересно.
Да кажеме дека пролетниот дел од сезоната стартува на 7 февруари со мечевите од 17.коло.















