Килијан Мбапе денеска беше дел од тренингот на Реал Мадрид, што значи дека е во комбинација за викенд дуелот на „Кралевите“ против тимот на Леванте кој што се игра в сабота.
Мбапе се мачи со повреда на коленото веќе еден месец, и беше во составот на суперкупот против Барселона, но не и на вчерашниот дуел од Купот на Шпанија во кој Реал загуби од Албасете.
Родриго и Антониот Рудигер тренираа индивидуално, но се очекува да бидат подготвени за натпреварот со Леванте. Карвахал се врати на теренот за натпреварот против Албасете, откако немаше проблеми од натпреварот и исто така ќе биде достапен.










