Објавен составот на Македонија У17 за претстојните мечеви во Турција

316

Селекторот на македонската репрезентација до 17 години, Влатко Колев, го објави списокот на фудбалери повикани за претстојните пријателски натпревари што ќе се одиграат во Анталија, Турција.

Младата репрезентација на Македонија ќе одигра два контролни натпревари против врсниците на Турција, на 20 и 22 јануари 2026 година, како дел од подготовките на генерацијата која се избори за Елитна фаза квалификации за пласман на Европско првенство.

Македонската репрезентација до 17 години за место на континенталниот шампионат ќе се соочи со Германија, Франција и Словенија. Турнирот ќе се одигра кон крајот на март, а пласман во завршницата обезбедува само освојувачот на првата позиција.

Завршницата на Европското првенство ќе се одржи од 25 мај до седми јуни следната година, а домаќин е Естонија.

Голмани: Амин Суљовиќ (ФК Скопје), Даријан Денковски (Македонија ЃП), Ринор Цека (Шкендија);

Одбрана: Тео Стојчевски (Вардар), Павел Рибарски (Вардар), Алек Чедомириски (Македонија ЃП), Грегоријан Михајловски (Сервет, Швајцарија), Филип Цветковски (Вардар), Михаил Митревски (Македонија ЃП), Давид Лиотоски (Работнички), Марко Иванов (Копер, Словенија);

Среден редСамуел Вртковски (Макартур / Bulls FC Academy, Австралија), Марко Мирчевски (Охрид Лихнидос), Бленди Љачка (Фенербахче, Турција), Мартин Џангаровски (Македонија ЃП), Арда Илјазовски (Болдклубен 1893, Данска), Јаков Пресилски (Пелистер), Лука Јасмин Георгиев (Вардар), Лука Кнежевиќ (Македонија ЃП), Амер Бајрами (Работнички), Мелдин Аломеровиќ (Слован Љубљана, Словенија) Павел Миронски (Македонија ЃП);

Напад: Фадилј Исламовиќ (НК Кустошија, Хрватска), Васко Папалиски (Скопје), Јаков Стојковски (СЦ Падерборн 07, Германија), Андреј Цветковски (Вардар);

 

 

 

ПретходноХартс да плати 500.000 евра и веднаш да го земе Мато!
СледноРистевски: Нема штедење, на секој меч ќе одиме по добар резултат!