Официјално: Зрињски и Дарко Велковски – РАСКИНАА! (ФОТО)

305
ФОТО: HŠK Zrinjski Mostar/FB

Официјално: Зрињски и Дарко Велковски РАСКИНАА! (ФОТО)

Од денеска и официјално Дарко Велковски не е веќе член на Зрињски, клубот од елитната лига во БиХ и учесник во плеј – офот во Лигата на Конференции. Како што објавија од Зрињски, меѓу нив и македонскиот репрезентативец е прекината соработката на обострано задоволство.

Јасно е сега дека Велковски ќе си бара нова средина.

ХШК Зрињски Мостар и Дарко Велковски денес потпишаа договор за раскинување на соработката. Искусниот македонски дефанзивец се приклучи на редовите на Племиќите во летниот преоден рок 2025 година, а во есенскиот дел од сезоната запиша два официјални настапи во дресот на Зрињски. Клубот му се заблагодарува на Дарко за неговиот професионален однос за време на престојот во Мостар и му посакува многу среќа, здравје и успех во продолжението на неговата играчка кариера“ велат од Зрињски.

ПретходноСтојчев потпиша професионален договор со Тиквеш! (ФОТО)
СледноДенеска и официјално стартуваше зимскиот преоден рок во мак – фудбалот!