Македонскат ракометна репрезентација утре против Данска го отвара Европското првенство. Ова ќе биде деветто континентално натпреварување за „црвено-жолтите“, осмо во низа.
Хернинг, градот домаќин на нашата група Б, не е непознат. Тука пред 12 години, Македонија во Арената „Јиске Банк Боксен“, исто играше на ЕП, а исто на стартот се сретна со Данска.
Тогаш, сегашниот селектор Кирил Лазаров беше лидер во нашите редови, играа уште Стојанче Стоилов, Филип Миркуловски, Бранислав Ангеловски…
Македонија беше поразена на стартот од Данска со убедливи 29-21, но се пласираше во главната рунда. На крајот овој шампионат го заврши на десетото место.
Во продолжение погледнете ги фотографиите на Петр Стојановски од Европското првенство во 2014 година.
МАКЕДОНИЈА НА ПРВИТЕ СРЕДБИ ОД ЕП
ЕП 1998: Унгарија – Македонија 29-20
ЕП 2012: Македонија – Шведска 26-26
ЕП 2014: Македонија – Данска 21-29
ЕП 2016: Македонија – Франција 23-30
ЕП 2018: Македонија – Словенија 25-24
ЕП 2020: Македонија – Украина 26-25
ЕП 2022: Словенија – Македонија 27–25
ЕП 2024: Франција – Македонија 39-29










