Питлик: Повредата на стомакот е санирана, 100% играм против Македонија

141
фото: Asier Oiarbide @AsierOiarbide (X)

Левиот бек на данската ракометна репрезентација, Симон Питлик, потврди дека е 100% подготвен за настап уште на првиот меч на Европското првенство против Македонија в петок. Тој се здоби со повреда на стомакот на тренинг натпреварот против Норвешка, но вели дека сега е комплетно рехабилитиран.

„Добив мало кинење на мускул на стомакот против Норвешка, но сега е многу подобро. Едвај ја чувствувам повредата. Да, подготвен сум за тренинг и навистина со нетрпение очекувам да заиграм во петок против Македонија“, вели Питлик.

Данска го отвора Европското првенство против Македонија во петок навечер од 20:30 часот во арената во Хернинг.

ПретходноСакаше да се откаже од фудбалот на 23 години, па на 32 го урна Реал (М)
СледноСтартува ракометното „лудило“: Франција го брани тронот, Данска го напаѓа, „огнено“ крштевање за Раул Гонзалес