Романците се соочиле со голем проблем само што стапнале во Данска

480
Фото: FRH - Federația Română de Handbal

Дел од земјите учеснички на Европското првенство земји во градовите домаќини не пристигнале како што очекувале. Со непријатен момент се соочил еден од противниците на македонската репрезентација, селекцијата на Романија.

Романците во Хернинг стигнале без дресови, бидејќи багажот заглавил по пат некаде. Добивме информации дека оваа земја не е единствената која се соочува во слични проблеми, на секоја селекција и недостасува по нешто.

Во изминатите два дена е вистински хаос на аердромите, не се пристигнати ниту сите претставници од ЕХФ, на дел летовите се одложени.

Романија и Македонија ќе се сретнат на последниот меч од групната фаза, поточно на 20. јануари.

ПретходноДанците се вистински фанатици за ракомет: Фан-зоната е како свемирски брод (ФОТО)
СледноХрватска во шок, почина млада атлетичарка