Хартс да плати 500.000 евра и веднаш да го земе Мато!

1566

Постои само едно и единствено решение во моментов со кое ФК Вардар би успеал да излезе како добитен во случајот со Роџерс Мато и неговиот трансфер во Хартс. Шкотскиот тим многупати се обидувал да најде договор со „црвено-црните“ но на сето тоа секогаш добивале „црвен сигнал“.

Сега откако најдоа договор со фудбалерот и откако го промовираа истиот настана општ хаос во земјава поради тоа што Вардар го губи за без пари својот најдобар фудбалер. Единствената опција, – да се спуштат суетите и да се побараат нови преговори со Хартс во интерес на трите страни. Факт е дека Роџерс Мато е во Уганда и нема намера да оди на подготовките со Вардар во Анталија. Фудбалерот ризикува да не игра до јуни и да добие суспензија. Ризикува и клубот од Шкотска кој би имал фудбалер во јуни кој зад себе има пауза од шест месеци.

Вардар е надвор од играта но со 500.000 евра колку што е откупната клаузула може да се стави крај на драмата. Таа сума да ја плати Хартс за „мир во куќа“ и секој да си го добие своето според заслугата. И реално 500.000 евра е сума која Вардар никогаш не ја добил од продажба на свој фудбалер низ комплетната историја.

И реално, – таа сума е доволна за играч кој е слободен за 6 месеци и кој одлучил да замине по секоја цена иако манипулирал и одбил да потпише богат договор кој му бил понуден од Вардар. Сепак, тоа е фудбалер од Уганда и менаџери од таа земја кои се продаваат за “семки“ и кои на грбот на Мато „увалија“ во Вардар уште двајца играчи кои се под просекот на она што Вардар го има како алтернативи на истите позиции. Втора опција според законите на ФИФА не постои, а која би била добитна за ФК Вардар.

А кога сме кај „милионите“ за Вардар од трансфер за Роџерс Мато е само виртуелна приказна за мали деца. И од овој трансфер 20% се за Брера од каде лани Мато замина во Вардар за отштета од 100.000 евра.

ПретходноЦените на билетите за Мундијалот се високи, но побарувачката е уште повисока
СледноОбјавен составот на Македонија У17 за претстојните мечеви во Турција