Данска во една табела: Колку тежи и зошто е огромен фаворит – не само против Македонија!

409
Фото: ИХФ/Колектив

За Данска навистина не треба да трошиме зборови околу нејзиниот квалитет и сила. Доволно е да напоменеме дека е актуелен светски и олимписки првак, едноставно оваа селекција е ракометна машина, игра страшно и безмилосно. А сега на Европското првенство ќе има мотив плус бидејќи е еден од домаќините на ова натпреварување, во Хернинг во ракометниот храм ќе игра поддршка од 15.000 фанови.

Македонската ракометна репрезентација токму против Данска утре ќе го отвори Европското првенство, дуелот е закажан со почеток во 20:30 часот.

Данците не се фаворит само против Македонија, туку и против Португалија и Романија во нашата група, но и комплетно на оваа селекција се гледа како сериозен кандидат за тронот.

Ако ја видиме Данска во една табела со сите остварувања во тој случај повеќе од јасно е зошто е фаворит.

На Европските првенства има две злата, последното го освои во 2012 година, две сребра и три бронзи. На Олимписките игри освои злато во 2016 и 2024 година, додека на СП има четири злата, три сребра и една бронза.

ПретходноНаумоски ја засили Брегалница
СледноВардар тренира и се подготвува за пријателските мечеви во Анталија