Душебаев им даде „тронка“ надеж на фановите на Вардар 1961

749

Алекс Душебаев е една од многуте ѕвезди на Европското првенство кое стартуваше денеска. Тој со неговата Шпанија вечера славеа против Србија со 29-27 на првиот меч од групната фаза.

„Црвената фурија“ претрпе промена на генерација, па на теренот не изгледа толку моќно како порано, но ниту пак е за потценување, на погонот на младите играчи може да стигне далеку.

„Задоволен сум што со победа го почнавме европското првенство. Треба да продолжиме вака. Имаме многу нови, млади играчи во тимот што треба да се воиграат. Треба да продолжме да се бориме вака и ќе бидеме задоволни на крајот“, изјави Алекс Душебаев кој на средбата со Србија постигна три гола од четири обиди.

Поранешниот ракометар на Вардар, го прашавме за евентуално враќање во редовите на најтрофејниот ракометен колектив.

„Јас бев многу задоволен во Вардар. Но, сега ситуацијата е поинаква, така што… ќе видиме“, изјави Алекс, сугерирајќи меѓуредови дека тој трансфер не е блиску до реализација.

ПретходноМакедонија има голема поддршка од Раул Гонзалес: Ќе навивам за Лазаров и играчите!
СледноБолоња со победа кај Верона ја прекина лошата серија