Малку, многу малку недостигаше за нова сензација, само среќата ја спаси Барселона од срамна елиминација во 1/8 финалето во Копа дел Реј. Барселона со 0:2 славеше кај Расинг Сантандер и успеа низ “иглени уши“ да се протне во следната фаза. Стрелец на првиот гол беше Феран Торес во 66.минута. Па така тимот на Ханси Флик избегна срамна елиминација од второлигаш како Реал Мадрид вчера.
Треба да се каже дека Барселона овој меч ги одигра речиси со својот најдобар или најзвучен состав, но далеку беше од она потребно ниво.
Инаку на домашните им беа поништени два гола поради офсајд а Хоан Гарсија во 90+4.минута со фантастична одбрана фати зицер. Тоа ќе беше голем шок, само минута подоцна Јамал казни за конечни 0:2.
Ова беше дуел меѓу лидерите во Примера и во Сегунда.










