Македонските навивачи полека во поголеми групи заминуваат за Хернинг, Данска, каде од петок ќе бидат голема поддршка за нашата ракометна репрезентација за време на Европското првенство. Како и на секој голем настан, денеска со лет до Хамбург, а потоа со автомобили, во попладневните часови во Хернинг ќе пристигне една поголема група наши навивачи.
Нашата „Фаланга“ доаѓа од повеќе краишта на Европа, но секако ќе има и навивачи од кои ќе дојдат и од Македонија. Најголемиот дел веќе се опремени со навивачки реквизити во боите на нашата земја.











