Никола Костески: Мора да покажеме што знаеме против Данска

115

СпортСпорт во Херниг,

Марија Ковачева

Македонија утре во 20:30 часот во Херниг за прв ривал на ЕП 2026 во групата Б, ќе го има домашниот состав, селекција на Данска. Не треба да се трошат зборови против кого ќе играат избраниците на селекторот Кирил Лазаров. Данците не само што се фаворити на овој меч туку тие се најголеми аспиранти и за златото.

Во пресрет на овој меч, свое видување има Никола Костески:

Првиот натпревар е со Данска и знаеме со кого ќе се соочиме. Се подготвуваме и ние сме тука за да дадеме се од себе, да го дадеме нашиот максимум. Потоа нашите мисли ќе бидат свртени кон Португалија и Романија, тоа за нас ќе бидат битки за пласман во следната фаза. Данска ќе цели на првото место и златниот медал, а наше е да ја минеме групата, да бараме шанса во вториот и третиот меч“ посочи Костески.

Според него Македонија има квалитет и знае како треба со тешки ривали:
“Мислам дека имаме квалитет, според мене овој тим знае како треба да одигра со тешки ривали и зошто да не изненадиме. Мора да се покажеме во најдобро светло, не смееме да се откажеме и мора да покажеме што знаеме против Данска за да ни биде полесен патот против Португалија и Романија“ заклучи Костески.

ПретходноШкендија со 3:0 ја совлада Брера на пријателскиот дуел на ФФМ
СледноЦените на билетите за Мундијалот се високи, но побарувачката е уште повисока