Раул без решение за “своите”, Франција тргна моќно во одбрана на тронот

205

СпортСпорт во Херниг,

Марија Ковачева

Раул Гонзалес со пораз стартуваше на првото големо натпреварување како селектор на Србија. На првиот меч во Хернинг, нашиот северен сосед беше поразен со 29-27 (20-15). Црвената фурија отвори со 7-3 и го наметна своето темпо. Србија најблиску беше на 11-9, но противникот повторно го зголеми темпото и дојде на плус пет (16-11), позитива со која замина на одморот. Шпанија ја одржуваше позитивата во продолжение. Србија на стартот на 50 минута по одбрана на Милосављев и гол на Борозан дојде на 25-22, Рибера повика тајм-аут. Неизвесноста продолжи, Србија намали на 26-24, не искористи напад да приреди драма. Душебаев го прекина налетот на противникот. На минута до крајот, Шпанија имаше напад и водство од 29-27. По две неискористени шанси на двете страни, беше јасно името на победникот.

Франција во Осло, исто така во меч од 1.коло, но во групата Ц, без никаков проблем и повеќе од рутински славеше против Чешка и тргна моќно во одбрана на тронот. Уште на стартот се виде дека еден од големите фаворити на ова ЕП ќе ги освои првите бодови. Имено во 5.минута резултатот беше 6:0 за Франција, па затоа селекторот на Чешка мораше да го земе својот прв тајм-аут, сепак некои работи битно не се променија. Франција играше во свој ритам, но како да намали со тој ритам во еден дел од првиот дел, затоа и Чешка дојде на само -4, но на пауза се замина со 20:14.

Во вториот дел едноставно Французите просто газеа, жаргонски кажано. Чесите колку и да се трудеа беа немоќни, па така на крајот Франција славеше со 42:28 или со +14 разлика.

Кога сме кај стрелците Пранди, Ричардсон и Наи стрелаа по 6 голови, додека кај Чесите најефикасен беше Широки со шест погодоци.

ПретходноМбапе тренира и ќе биде во комбинација викендов
СледноМакедонија има голема поддршка од Раул Гонзалес: Ќе навивам за Лазаров и играчите!