Сакаше да се откаже од фудбалот на 23 години, па на 32 го урна Реал (М)

140
фото: LALIGA Türkiye (X)

Фудбалерите на Албасете синоќа сензационално го елиминираа Реал Мадрид во осминафиналето на шпанскиот куп, а херојот во големата победа е човек кој сакаше да се збогува со фудбалот на само 23 години.

Станува збор за Јефте Бетанкор, 32-годишен напаѓач кој синоќа ги оствари своите соништа. Искусниот фудбалер низ кариерата игра во клубови од пониските лиги, но до вистинската слава дојде дури на 32-годишна возраст. Бетанкор влезе во игра во вториот дел, па прво, му донесе предност на Албасете од 2:1 при крајот од натпреварот, а во 94-тата минута го постигна вториот гол за победа од 3:2 против големиот Реал Мадрид.

Бетанкор помина низ тежок период во кариерата и сериозно размислувал да ја заврши кариерата и да се посвети на нешто друго.

„Ова е најдоброто нешто што му се случило на фудбалот. Ова е она за што сонуваш како дете. Ова е за мојот тим, кој работеше како луд, ова е за целото мое семејство, кое го сакам. Пред девет години сакав да го напуштам фудбалот. Денес, сонувајќи и работејќи, погледнете каде стигнавме“, рече Бетанкор по најдобриот настап во неговата кариера.

ПретходноПатување низ времето: Хернинг е добро познато место ама за една друга Македонија (ФОТО)
СледноПитлик: Повредата на стомакот е санирана, 100% играм против Македонија