Цените на билетите за Мундијалот се високи, но побарувачката е уште повисока

31
gianni_infantino x

ФИФА денеска објави дека на нејзината адреса, стигнале половина милијарда барања за билети за претстојниот Мундијал, кој што ќе се одржи следното лето во САД, Канада и Мексико.

Огромната побарувачка доаѓа во услови на сериозни критики од навивачите за високите цени. Со исклучок на земјите домаќини, САД, Мексико и Канада, најголемиот број барања дојдоа од Германија.  

Периодот за апликација стартуваше на 11 декември, и траеше повеќе од еден месец, а апликантите ќе го дознаат одговорот дали се добитници на билети некаде на 5 фебруари.

„Половина милијарда барања за билети за нешто повеќе од еден месец се повеќе од побарувачката – тоа е глобален феномен“, рече претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. 

ПретходноНикола Костески: Мора да покажеме што знаеме против Данска
СледноХартс да плати 500.000 евра и веднаш да го земе Мато!