Така е кога го имаш Столе Димитриевски на голот. Валенсија вечерва во меч од 1/8 финалето во Копа дел Реј, успеа со 0:2 да слави на гостувањето кај Бургос и со тоа да си обезбеди пласман во следната фаза во ова натпреварување, во четвртфиналето.
Добро е за Столе што не само уште еднаш покажа дека е класа голман, туку и тоа дека неговата мрежа остана нечепната. Стрелци на головите беа Рубо во 10. Садик во 50.минута. Ова не беше ни малку едноставен меч за Димитриевски и неговите соиграч, но сепак се пласираа понатаму.
На Валенсија не и оди во Ла Лига, но затоа во ова натпреварување, во Копа дел Реј, и тоа како “гази“ сигурно.










