Вечерва со двата меча во Осло и Хернинг заврши првиот натпреварувачки ден ЕП 2026. Норвешка уште на стартот покажа дека мора да се смета на неа во битката за највисок пласман. Победа пред своите фанови против Украина со 39:22 или со +17 голови разлика. Едноставно Норвежаните покажаа сила на оваа средба. Андерсон и Блонц со 7 голови и Гуликсен со 6 беа најефикасни кај победничкиот состав. Додека кај Украинците најефикасен беше Турченко со 5 голови.
Нешто поинтересно беше на средбата меѓу Германија и Австрија, на која сепак на крајот славеше фаворитот со 30:27. На полувреме Германците имаа комотна предност од четири гола, но во продолжение на средбата Австрија одигра подобро, но сепак не можеа ништо против германскиот голман Волф, кој кога беше најпотребно ја искажа сета своја класа и го заврши мечот со 12 одбрани.
Гола со 7 и Зербе со 6 погодоци беа најефикасни кај победничкиот тим, додека кај Австрија се истакна Фримел со 9 голови.










